Здравствените претставници на Велика Британија во четвртокот објавија дека 891 лица починале од корона вирус во изминатите 24 часа на национално ниво, зголемувајќи го бројот на загинати во земјата од инфекцијата на 7.988.
Бројката се зголеми за 12,5% од вчерашното ажурирање, но бројот на нови жртви на дневна основа се намали во однос на бројот забележан во средата.
Англија регистрираше 765 нови смртни случаи од Ковид-19 за да достигне вкупна бројка од 7.224 во целата земја, додека 81 лице починаа во изминатата ноќ во Шкотска со што вкупниот број на смртни случаи во државата е 447.
Во меѓувреме, Велс објави 41 нови смртни случаи и уште четворица жители на Северна Ирска починале од корона вирусот. Бројот на смртни случаи во Велс сега изнесува 286 додека Северна Ирска има регистрирано 82 фатални исходи досега.