Свет 02. декември 2020. / 10:01

Велика Британија од следната недела започнува со вакцинација против Ковид 19

Велика Британија од следната недела започнува со вакцинација против Ковид 19

Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и најави можат тие да можат да се користат од почетокот на следната недела.

Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, објави британската Влада.

Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина.

Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела.