Свет

Велика Британија нема да прифати два различни царински режима

Велика Британија нема да прифати два различни царински режима

Британскиот министер за Брегзит Доминик Раб изјави денеска дека Владата на премиерката Тереза ​​Меј нема да прифати два различни царински режима во Обединетото Кралство по Брегзит и затоа ЕУ треба да биде помалку крута во почитувњето на законските прописи во преговорите за Северна Ирска.

Раб изрази уверување дека е време за Велика Британија да постигне добра спогодба во преговорите за напуштање на ЕУ. – Убеден сум дека се уште имаме доволно време да постигнеме добар договор, изјави Раб на годишната конференција на владејачката Конзервативна партија.

Тој нагласи дека валдата во Лондон нема да се согласи да постојат два различни царински режима во Велика Британија. – Тоа едноставно не е на маса. Мислам дека е скандалозно дури да се размислува за тоа, истакна Раб.

– Треба да видиме помалку круто почитување на законите и крут догматизам, а малку повеќе флексибилност (од ЕУ), каква што ние покажавме во нашата Бела книга, додаде Раб.