Свет 26. јуни 2020. / 12:09

Велика Британија не сака да ги затвори плажите

Велика Британија не сака да ги затвори плажите

Британскиот министер за животна средина, Џорџ Еустик, изјави дека Владата не сака да ги затвори плажите и покрај вчерашниот инцидент, кога на плажата во Борнемут имаше илјадници луѓе.

Министерот додаде дека луѓето мора да се однесуваат според владините препораки за борба против  корона  вирусот.

За разлика од Еустик. британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, побара затворање на плажите во Велика Британија затоа што тоа може да доведе до зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.