Свет 20. март 2020. / 19:44

Велика Британија има побрз пораст на починати од Италија

Велика Британија има побрз пораст на починати од Италија

Стапката на смртност регистрирана како последица на коронавирусот во Велика Британија е побрза од онаа на Италија, а траекторијата е слична на онаа на Шпанија, пишува британскиот весник „Телеграф“.

За помалку од еден месец, бројот на луѓе кои починале во Италија заразени со Ковид-19 изнесува 3,405, а смртните случаи веќе ги надминуваат оние на Кина, од каде потекнува епидемијата, додека во Велика Британија бројот на загинати од оваа болест продолжува да расте, достигнувајќи веќе 144.

Во оваа земја, првиот случај на смрт од Ковид-19 беше идентификуван пред петнаесет дена и од тогаш стапката на смртност е побрза отколку во Италија. Во Велика Британија има дневна стапка на зголемување на смртните случаи од Ковид-19 од 50 проценти, а во Шпанија 49 проценти.