Свет 19. март 2020. / 23:02

Велика Британија има 144 починати од корона вирусот

Велика Британија има 144 починати од корона вирусот

Бројот на починати од корона вирусот во Велика Британија се зголеми на 144, а досега се заразени 3.269 луѓе.

Британскиот премиерот Борис Џонсон изјави дека трендот може да се промени во наредните 12 недели, но само доколку граѓаните ги следат препораките на Владата.

Не можам да кажам дека до крајот на јуни ќе бидеме во пад. Можно е – изјави Џонсон.

Премиерот најави и дека Британија преговара за купување тестови на антитела, како што се тестовите за бременост, за да се провери дали луѓето имаат корона вирус.