Свет 26. ноември 2019. / 15:53

Велика Британија и врати на Полска повеќе од сто тони златни резерви

Велика Британија и врати на Полска повеќе од сто тони златни резерви

Гувернерот на централната банка на Полска, Адам Глапински соопшти дека од Велика Британија се пратени повеќе од сто тони златни резерви, вредни околу 18,3 милијарди злоти (4,7 милијарди долари).

Златото се враќа од трезорите на Британската централна банка, каде што Полска по Втората светска војна остави на чување поголем дел од златните резерви на земјата.

Враќањето на златото е организирано во осум пратки од по илјада златни прачки. Златото пристигна на аеродромите во Варшава и во Познањ.

Полската централна банка во моментот располага со 228,6 тони злато од кои во нејзините трезори се чуваат само 105 тони.

Во 2018 и 2019 година златните резерви на Полска се зголемени за 125,7 тони.