Свет 09. октомври 2019. / 20:16

Велика Британија и Ирска ќе разговараат за Брегзит

Велика Британија и Ирска ќе разговараат за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон утре ќе се сретне со својот ирски колега Лео Вардакар на северозапад од Англија, потврдија од официјален Даблин.

Ова ќе биде прва средба во текот на која премиерите и нивните тимови ќе можат детално да разговараат за процесот што би обезбедил да се дојде до договорен Брегзит, соопшти владата на Ирска, а пренесуваат британските медиуми.

Џонсон сака Велика Британија да излезе од ЕУ на 31 октомври , но за тоа да се случи со двостран договор мора да се реши прашањето на границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која е членка на ЕУ.