Неколку дена откако започна вакцинацијата во Британија, Националната здравствена служба ги повикува луѓето кои имаат алергиски реакции на лекови, храна или вакцини се уште да не се вакцинираат против коронавирус.
Предупредувањето доаѓа откако две лица од Велика Британија добиле силна алергиска реакција по примањето на вакцината од „Фајзер“.
-Како што е обично случај со новите вакцини, „mRNK“ вакцината поради претпазливост не би требало да ја примаат луѓе кои страдаат од сериозни алергии. Две лица кои вчера ја добија вакцината, имаа силна алаергиска реакција. За сереќа, се добро и се опоравуваат- рекол професорот Стивен Повис, пишува „lbc“.
Вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ започна вчера во Велика Британија, а првата жена која ја прими вакцината беше Маргарет Кенан (90) од Северна Ирска.