Уште еден тежок ден за Англија, која забележа уште 420 смртни случаи од коронавирус на првиот ден од Новата година, вклучително и осумгодишно дете.
Како што наведуваат британските медиуми од вкупно починатите само 12 немале пропратни болести. Најстариот од починатите имал 100 години. Инаку, досега од ковид-19 во Велика Британија животот го загубија 73.512 лица, а добиени се повеќе од 2.4 милиони позитивни тестови.