Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва се враќа во Конгресот, за да го одржи свечениот говор за состојбата на нацијата и се обиде да ја искористи оваа пригода за да го зголеми својот углед и популарност, пренесуваат американските медиуми. Но, со оглед на отровната политичка клима во Вашингтон и неговиот контроверзен проект за изградба на ѕид на границата со Мексико, ќе биде тоа тешка задача.
Трамп, кој има жесток карактер и во анкетите не стои добро, а неговата партија неодамна го изгуби Претставничкиот дом, вети ека во говорот ќе повика на единство, компромис и оптимизам.
Американскиот претседател, кој се наоѓа на 21 месец пред претседателските избори, на кои ќе бара втор мандат, нагласок би требало да стави на добрите економски податоци и одличната динамика на пазарот на труд.
Минатата година, Трамп во говорот за состојбата на нацијата беше помирлив и докажа дека може да се воздржи од агресивна реторика, каква што користи на неговите твитови.
Говорот ќе се одржи во 21 часот по локално време или во 3 часот по полноќ, по средноервопско време. Тој ќе говори пред Конгресот, во кој сега има 127 жени и повеќе од 50 афроамерикански пратеници. Меѓу гостите ќе биде и добитничката на Нобелова награда за мир, Надја Мурад, еврејска активистка за права на жените, поранешна сексуална робинка на џихадистите од Исламска држава. Присутен ќе биде и Карлос Вечио, венецуелски заменик амбасадор, кој застана на страната на привремениот претседател Хуан Гуаидо.
Најголемо изненадување ќе биде Џошуа Трамп, ученик во шесто одделние од Делавер, кој не е во роднинска врска со Трамп, но во училиште постојано му се потсмевале поради презимето, објаснила Белата куќа.
Според традицијата, по говорот, некој од опозицијата службено ќе му одговори.