Уште еден голем скандал го тресе Ватикан. Официјален Ватикан соопшти дека е уапсен дипломатот Карло Капела кој е осомничен дека споделувал детска порнографија.
Капела е отповикан од САД минатата година на барање на државниот секретар на Ватикан а моментално се наоѓа во бараките на жандармеријата во Ватикан, јавува АП.
Полицијата на Онтарио соопштила дека слики со детска порнографија делел за време на службата.
Тој е отповикан од САД откако американскиот Стејт департмент го известил Ватикан дека еден нивни дипломат „веројатно ги прекршил законите кои се однесуваат на детската порнографија“.