Свет 26. март 2020. / 10:30

Ватикан за Велигден без посетители и поворки

Ватикан за Велигден без посетители и поворки

Велигденските церемонии во Ватикан годинава ќе се одржуваат без посетители и свечени поворки, соопштија од Светата столица.

Верниците ќе бидат информирани за точните термини за церемониите и ќе можат да се молат од своите домови, а се ќе биде директно пренесувано на интернет и на телевизиите.

Католичките верници Велигден ќе го празнуваат на 12 април.