Свет 06. ноември 2018. / 22:01

Ватикан: Свештениците преку интернет да се поврзуваат со луѓето кои не доаѓаат во цркви

Ватикан: Свештениците преку интернет да се поврзуваат со луѓето кои не доаѓаат во цркви

Свештениците би требало да работат и преку интернет доколку сакаат да се поврзат со луѓето кои повеќе не доаѓаат во црква, но се достапни по пат на социјалните мрежи, изјави ватиканскиот експерт за дигитализација, Пол Тиње, познат по тоа што работеше на интернет презентациите на папата Франциско.

Тој го повика католичкото свештенство ширум светот да ја прифати употребата на социјалните мрежи за да допре до верниците и неверниците, пренесе „Ројтерс“.

Според него, малдите се помалку се присутни во црквите, а социјалните мрежи се механизам што овозможува комуникација и пристап до луѓето до кои инаку не може да се допре.

Папата Француско има профил на „Твитер“ и околу 18 милиони следбеници. Неговите објави често се споделувани, но голем број црквени поглавари не го следат неговиот пристап.