Свет 17. декември 2019. / 10:35

Ватикан годишно собира 55 милиони долари донации, но само 10 отсто троши за добротворни цели

Ватикан годишно собира 55 милиони долари донации, но само 10 отсто троши за добротворни цели

Ватикан преку својата добротворна фондација собира повеќе од 55 милиони долари донации годишно, но поради тоа што црковниот закон го диктира папата Франциск, тој легално може да ги користи парите за донации според своја дискреција.

Во извештај објавен на „Вол Стрит Журнал“ се наведува дека само 10 отсто од тие донации биле користени за вистински добротворни цели. Според извештајот, две третини од преостанатиот износ отишле во ребалансот на внатрешниот буџет на Ватикан.

Како што пренесуваат светските агенции, оваа вест може да биде алармантна за донаторите кои ги дале своите прилози за да им се помогне на најсиромашните, а не за исплата на административниот дефицит на Ватикан.

Долгот на Светата Столица изнесува 76 милиони американски долари на буџет од 333 милиони долари за минатата година. Иронично е што изборот на папата Франциск во 2013 година зависеше токму од изнаоѓање решение за намалување на финансиските проблеми на Ватикан, пренесуваат агенциите.
Во извештајот се наведува дека растечкиот долг на Ватикан во најголем дел се должи на зголемувањето на платите и намалувањето на инвестициите, како и на други сериозни финансиски неефикасности.