Ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп, поставена на Патеката на славните во Холивуд, е вандализирана во протестите против расизмот и полициската бруталност во САД.
Вандалскиот чин се случил за време на протестот на 50.000 луѓе во најпознатиот дел на Лос Анџелес. Обележјето било целосно покриено со црна боја, а одоколу се испишани пцовки и навреди на сметка на Трамп.
Пред да стане политичар, Трамп беше бинисмен и имаше свое реално шоу, односно беше ТВ-ѕвезда. Неговата ѕвезда на Патеката на славните ја доби во 2007 година. Обележјето беше неколкупати вандализирано од политички неистомисленици.