Свет 17. ноември 2019. / 22:00

Вакцината против сипаници во Германија е задолжителна

Вакцината против сипаници во Германија е задолжителна

Вакцината против сипаници е задолжителна во Германија. Родителите антиваксери  се соочуваат со глоби до 2500 евра.

Законодавните измени предвидуваат дека покрај казната за родителите на невакцинирани деца, ќе биде одбиен пристапот до градинка или училиште. Целта е да се заштитат децата, а законот стапува во сила од први март.

Во последниве години,  како резултат на движењата против вакцина се зголемија случаите на заболени од сипанициn. Во Европа е забележано рекордно зголемување на случаите во текот на последната деценија, пријавено од Светската здравствена организација во август.

Околу 2,6 милиони луѓе умираат од сипаници секоја година.