Свет 06. октомври 2018. / 23:03

Узбекистан ги укина визите за Франција

Узбекистан ги укина визите за Франција

Француските државјани веќе нема да имаат потреба да вадат визи за Узбекистан, а со тоа Франција стана првата земја од ЕУ со таа привилегија.

Французите ќе може да патуваат без визи во Узбекистан доколку престојот им е пократок од 30 дена, соопшти министерството за надворешни работи и додаде дека Франција е првата земја на ЕУ која нема да има потреба од виза. Министерството додаде дека оваа мерка стапила на сила во петокот.

Узбекистан е поранешна советска република со околу 32 милиони жители и се обидува да ги подобри односите со Западот со цел да се зголемат инвестициите од децениската изолација.