Свет 03. септември 2018. / 19:52

Ужас во Шпанија: Автобус полн со патници удрил во надвозник – најмлаку пет мртви (ФОТО)

Ужас во Шпанија: Автобус полн со патници удрил во надвозник – најмлаку пет мртви (ФОТО)

Автобус удрил во столб на надвозник во Шпанија, а при ударот најмалку 6 лица загинаа, а 21 се повредени, објави „Ел Мундо“.

Автобусот на компанијата „Алса“ кој возел на линијата Кудиљеро-Авилес-Хихон, е уништен, откако денеска околу 13:40, на патот кај Авилес, удрил во столб.

Четири патници загинале на лице место, додека петтото лице починало на пат кон болницата. Меѓу настраданите се три мажи и две жени.

Од повредените лица, пет се во критична состојба.

Истрагата за несреќата е во тек.