Свет 30. април 2018. / 13:03

Ужас во Авганистан: Единаесет деца загинаа во самоубиствен напад

Ужас во Авганистан: Единаесет деца загинаа во самоубиствен напад

Единаесет деца загинаа во напад извршен од бомбаш-самоубиец кој активирал експлозив во близина на џамија во јужниот дел од Авганистан.

Во нападот во областа Даман, уште 16 други лица се повредени. Меѓу повредените има и романски војници и полицајци.

Бомбашот го активирал експлозивот што го носел во возило, во моментот кога поминувал покрај конвој на странски трупи.