Свет 04. февруари 2019. / 12:02

Уште шест земји го признаа Гваидо: Европа лута на Мадуро

Уште шест земји го признаа Гваидо: Европа лута на Мадуро

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го одби ултиматумот на ЕУ. Шест земји го признаа Хуан Гваидо за претседател.

Мадуро ја извести ЕУ дека ултиматумот е одбиен и дека претседателски избори во Венецуела нема да се одржат. Тврди дека неодаменшните избори биле легитимни.

Во меѓувреме, шест земји – Шпанија, Франција, Велика Британија, Австрија, Данска и Шведска, го признаа венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо за преоден претседател.

Го признавам претседателот на Парламентот на Венецуела, господинот Гваидо, како претседател на Венецуела, соопшти премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Истовремено и бритнаскиот министер за надворешни работи Џереми Хант на Твитер објави поддршка.

&nbsp

-Николас Мадуро не повика на претседателски избори, а рокот кој му го дадовме е осум дена. Велика Британија со своите европски сојузници сега го признава Гваидо за привремен претседател додека не бидат одржани кредибилни избори. Се надеваме дека ова ќе доведе до крај на хуманираната криза, вели Хант.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц исто така се огласи на твитер.

-Режимот на Николас Мадуро до сега одби да прифати слободни и чесни претседателски избори. Заради тоа, од сега, го сметаме Хуан Гваидо за легитимен привремен претседател, наведе Курц.

&nbsp

Мадуро, ниту неговата влада, се уште не ја коментираа одлуката на шесте европски земји.

Спутник порано пренесе дека Италија ставила вето на ЕУ, и таа го признала Гваидо за привремен претседател.

-Според информациите кои ги имам, Италија на состанокот на шефовите на дипломатии во Букурешт, стави вето на соопштенито на ЕУ во кое се наведува дека Унијата ќе го признае Гваидо за претседател доколку не се организираат нови претседателски избори, наведува извор за Спутник.

Рим се уште официјално не ја потврдил информацијата.

Европските земји, меѓу кои Германија, Франција, Шпанија и Британија, и поставија на владата на Мадуро осумдневен ултиматум да распише нови избори за претседател, соопштувајќи дека во спротивино, како САД и другите земји, ќе го признаат Гваидо за претседател.