За време на протестите против зголемувањето на даноците на гориво, кои се одржуваат ширум Франција, загина уште едно лице.
Ова е втора жртва на протестите, во кои демонстранти блокираат клучни патишта, а повеќе стотици луѓе се повредени.
Француското Министерство за внатрешни работи упати „искрено сочувство“ до семејството и пријателите на мотоциклист, кој во понеделникот загинал во сообраќајна несреќа во близина на брана во југоисточната област Дром.
Министерството во соопштението не објавува детали за инцидентот.
Во меѓувреме, протестите, чии учесници носат жолти елеци, денеска продолжија на патиштата ширум Франција, а МВР го осуди насилството во кое досега се повредени 552 учесници во протестите и 95 полицајци.
Зголемувањето на цените на фосилните горива е дел од стратегијата на претседателот Емануел Макрон за откажување од тој вид горива, а многу возачи ги сметаат како рамнодушност на врвот на власта кон секојдневните економски проблеми на граѓаните.