Свет 27. јануари 2020. / 20:33

Урнатиот авион во Авганистан е на армијата на САД

Урнатиот авион во Авганистан е на армијата на САД

Авионот кој денеска се урна во Авганистан е на Воено-воздухопловните сили на САД, соопшти Дејвид Голдфејн, претставник на Пентагон.

Според CBS, авионот најверојатно летал меѓу градовите Кандахар и престолнината Кабул. Еден авганистански чиновик изјавил дека меѓу остатоците на авионот ги нашле телата на двајцата пилоти.

Според други извори, во авионот се наоѓале околу десетина лица.

Авионот се урна дененска во провинцијата Газни, која е под контрола на Талибанците. Според авганистанската агенција „Паџхвок“, одговорноста за тоа ја презеле Талибанците, пет часа по падот на авионот.

Првично беше соопштено дека во Авганистан се урнал патнички авион на авиопревозникот Ariana Afghan Airlines  и дека во авионот се наоѓале најмалку 80 лица. Претставници на компанијата ја демантираа информацијата.