Свет

Урлих, германски велосипедист е уапсен за напад врз проститутка

Урлих, германски велосипедист е уапсен за напад врз проститутка

Поранешниот германски велосипедист Јан Урлих е уапсен за напад врз проститутка во луксузен хотел во Франкфурт.
Урлих, кој во 1997 година ја освои трката „Тур де Франс“ и има повеќе олимписки медали, се наоѓа во притвор, а според информациите од полицијата за време на инцидентот бил под дејство на алкохол и дрога.

Од полицијата соопштија дека двајцата прво вербално се расправале, а потоа 44-годишниот Урлих физички ја нападнал и ја повредил.

Тој неодамна беше уапсен и на Мајорка, откако на германскиот актер Тил Швајгер му се заканувал.

Урлих е единствениот Германец кој ја освоил трката „Тур де Франс“. Тој за германските медиуми неодамна изјави дека сопругата го напуштила, како и дека не ги видел трите сина неколку месеци.