Свет 22. мај 2020. / 21:30

Уредник казнет со две години затвор за лажна вест за Ковид-19

Уредник казнет со две години затвор за лажна вест за Ковид-19

Зав Је Хтет, главниот уредник на мјанмарската новинска агенција „Дае Пјав“ е осуден на две години затвор поради тоа што се покажало дека веста на агенцијата оти едно лице починало од корона вирус не била точна.

Зав Jе Хтет е уапсен на 13 април, еден ден откако објавил напис во кој се наведува дека е евидентиран еден смртен случај од Ковид-19 во источната држава Карен, пренесува „Гардијан“.

Адвокатот на новинарот изјавил дека тој е осуден според член 505 на две години затвор.

„Гардијан“ забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога“.

Во Мјанмар се потврдени 199 заразени со корона вирусот и шест смртни случаи, но експертите стравуваат дека реалниот број е далеку поголем, бидејќи се тестирани мал број на луѓе.