Најмалку пет лица загинале во ударот на ураганот Флоренс кој ослабел во текот на вчерашниот ден.
Ураганот со себе носи големи количини на дожд, а некои подрачја се веќе поплавени.
Централниот дел на ураганот Флоренс сега преминал во Јужна Каролина и во таа држава, како и во Северна Каролина, и натаму носи големи количини на дожд и силен ветер.
Ударите на ветерот достигнуваат јачина од 110 километри на час, пренесува “AP”.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги уверил локалните службеници во загрозените подрачја дека федералната влада е подготвена да пружи секаква помош за да се санираат последиците од поплавите и оштетувањата на имотите.
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, вели дека таа држава мора да биде подготвена на уште неколку дополнителни денови дожд, како и на поплавите кои истиот ќе ги предизвика.