Јужна и Северна Каролина денеска се на „готовс“ откако е јавено дека ураганот „Флоренс“ треба да удри на источното крајбрејже на САД. Ураганот директно оди кон американското крајбрежје, а се очекуваат бранови од четири метри да нанесат големи штети.
Многу градови веќе во целина се евакуирани. Останале само најхрабрите кои што се подготвени да ги бранат своите домови. Во продавниците нема повеќе храна.
Иако се сметаше дека „Флоренс“ ќе го смени правецот и со намален интензитет ќе удри на американското крајбрежје, сепак, најновите информации кажуваат дека тоа ќе биде најсилниот ураган во последните 50 години.
На ударот на ураганот ќе се најдат и шест нуклеарни електрани, но од сојузната агенција истакнаа дека не се загрижени за електраните.
Според информациите, евакуирани се нешто помалку од 2 милиони луѓе од Јужна и Северна Каролина и Вирџинија.