Свет 04. ноември 2019. / 14:51

Унгарски MOL купи 9,6% од нафтните наоѓалишта во Азербејџан за 1,57 милијарди долари

Унгарски MOL купи 9,6% од нафтните наоѓалишта во Азербејџан за 1,57 милијарди долари

Унгарскиот нафтен и гигант за гас MOL Plc (MOL Group) од  Chevron Global купи дел во висина од 9,57% од нафтените наоѓалишта Азери-Чираг-Ѓунешли во Азербејџан и дел од 8,9% од нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан, соопшти компанијата.

Најголемата унгарска енергетска компанија, која е еден од потенцијалните енергетски гиганти во Централна Европа за купувањето на двата дела плати вкупно 1,57 милијарди долари и на тој начин стана трет по големина партнер во нафтената област Азери-Чираг-Ѓунешли во Каспијското Море.

-Оваа трансакција во вредност од 1,57 милијарди долари е важен момент за нашето портфолио во областа на иновациите во еден од основните наши региони-ЗНД (Заедница на независни држави), каде што ќе се обединиме со партнери од светска класа. По завршувањето на зделката околу половината од нашето производство ќе доаѓа вон регионот на Централна и Источна Европа, изјави главниот извршен директор на  MOL Group, Золт Хернади.