Свет 04. октомври 2018. / 14:08

Унгарија возвраќа: Украинскиот конзул ќе биде протеран

Унгарија возвраќа: Украинскиот конзул ќе биде протеран

Унгарија ќе го протера украинскиот конзул како одговор на протерувањето на унгарскиот конзул од Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Претходно, украинското Министерство за надворешни работи го прогласи унгарскиот конзул во градот Берегово за „персона нон грата“ и му даде рок од 72 часа да ја напушти земјата.

Инаку Украина е незадоволна бидејќи Унгарија издава свои пасоши на припадници на унгарската заедница во таа земја.