Умерената исламистичка партија „Енада“ тесно победи на парламентарните избори во Тунис, покажаа првичните резултати.
Според анкетата на Сигма советот објавена на државната телевизија, „Енада“ освоила 17,5 проценти од гласовите, а со 15,8 проценти на второ место е партијата „Срцето на Тунис“ на медиумскиот магнат Набил Карои, кој е во затвор поради обвиненија за перење пари и затајување данок.
На изборите гласале 41 проценти од избирачите.
Избори во Тунис ќе има и следниот викенд, односно на 13 октомври кога ќе се одржи втоѕиот круг од претседателските избори. Во таа прилика Тунижаните ќе бираат меѓу Карои и професорот по право Каис Саед.