Ултрадесничарската партија „Алтернатива за Германија”, прв пат во анкета ја претрка Социјалдемократската партија и стана втора политичка сила во земјата.
Според анкетата на државната телевизија АРД, објавена денеска, паѓа и популарноста на демохристијаните на Ангела Меркел.
„Доколку следната недела се одржат избори, ЦДУ/ЦСУ би освоила 28 проценти од гласовите, што е најскаб резултат од кога се спорведува ваквата анкета од 1996 година. СПД би освоила 17 проценти, а АфД би добила 18 проценти од гласовите, што досега е најдобар резултат за оваа партија”, се наведува во образложението на испитувањето, што за ЕРД го направи институтот Емнид.
Од последното испитување пред две недели, ултрадесницата зајакнала дури за два проценти. На четврто место е партијата на Зелените со 15 проценти, а потоа Левица со 10 и Либералите со 9 проценти од гласовите.
Падот на популарноста на партиите кои се дел од владејачката коалиција се објаснува со постојаните недоразбирања во работењето на Владата.