Свет 20. октомври 2018. / 17:31

Улиците на Лондон преполни – Британците протестираат против Брегзит (ВИДЕО)

Улиците на Лондон преполни – Британците протестираат против Брегзит (ВИДЕО)

Денеска на улиците на Лондон половина милион Британци излегоа со барање да се прекине Брегзитот и да се распише нов референдум.

Најголем број од демонстрантите се млади лица кои побараа нов референдум, на кој целата земја би се изјаснила дали сака да ја напушти Европската Унија. Сепак , и покрај бројноста, ваквото барање тешко би поминало, зашто премерката Тереза Меј веќе ја отфрли можноста за распишување нов референдум.


Во јуни 2016, 51,89 проценти од Британците се изјаснија дека сакаат да ја напуштат Европската Унија, наспроти 48,11 проценти кои сакаа да останат во Унијата.

Но , новите анкети покажаа дека бројот на евроскептиците е намален , така што поголем број од Британците би сакале да бидат дел од ЕУ.