Свет 19. јуни 2020. / 08:30

Украинското обвинителство се откажа од притворање на Порошенко

Украинското обвинителство се откажа од притворање на Порошенко

Украинското обвинителство се откажа од барањето за притворање на поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на истрагата за злоупотреба на положбата во текот на неговиот мандат.

Претставник на обвинителството, на сослушување во Киев, побарал од Порошенко да се јавува на судските покани и да не ја напушта земјата.

Судот за 1 јули закажа разгледување на новото барање на обвинителството, кое претходно наведе дека ќе побара притвор за поранешниот шеф на државата.

Порошенко (54), кој се збогати во индустријата со слатки и производство на автобуси, е осомничен дека го принудил шефот на разузнавачките служби да ја злоупотреби службената должност при именувањето на еден свој помошник во 2018 година. Поранешниот шеф на украинската држава ја оцени кривичната постапка како „одмазда“.