Свет 28. декември 2018. / 10:26

Украинските сили ја превземаа контролата над Донбас

Украинските сили ја превземаа контролата над Донбас

Украинските сили презеле контрола нас две третини од т.н. „сива безбедносна зона” во Донбас, тврди украинскиот претседателски советник и помошник на министерот за одбрана, Јуриј Бирјуков.

„Сивата зона” ги одделува силите на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск и силите на украинската армија. Границите на зоната се дефинирани со Договорот од Минск, а испраќањето војници во населби во сивата зона претставува кршење на договорот.

Украинските сили постојано најавуваа преземање контрола над нови позиции во „сивата зона” за време на нивната воена операција во Донбас, пренесува ТАСС.