Свет 18. декември 2019. / 18:00

Украинскиот претседател Зеленски го продолжи специјалниот статус на Донбас

Украинскиот претседател Зеленски го продолжи специјалниот статус на Донбас

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го потпиша законот, поднесен од собранието, со кој се продолжува специјалниот статус на Доњецката и Луганската област до крајот на 2020 година, соопшти денеска Врховната Рада.

Законот е вратен во Собранието со потпис на шефот на државата, се наведува во соопштението.

Ова значи дека законот за специјалниот статус на Донбас е продолжен на една година, до крајот на 2020 година и не се направени други измени во законот од украинските пратеници, пренесува ТАСС.

Законот за специјалниот статус на локалната самоуправа во некои области од Донецк и Луганск е на сила од 18 октомври 2014 година, а украинските пратеници веќе го продолжуваат.