Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да распише референдум на кој граѓаните на Украина би се изјасниле за преговорите со Русија.
Оваа инфoрмација синоќа ја потврди шефот на претседателскиот Кабинет, Андриј Богдан.
Сметаме дека е неопходно да се одржи народен референдум за постигнување мировен договор со Русија, така што не само пратениците и не само претседателот, туку и народот на Украина треба да реши за ова прашање, изјави Богдан