Свет 23. јануари 2020. / 18:38

Украинскиот премиер негира дека ќе се повлече зашто односите со претседателот му биле одлични

Украинскиот премиер негира дека ќе се повлече зашто односите со претседателот му биле одлични

Украинскиот премиер Олексиј Гончарук од Давос порача дека не планира да оди никаде со што ги негира мислењата дека тој или неговата влада може да си поднесат оставка.

Одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Светскиот економски форум, Гончарук првично се обиде да избегне да се изјасни за тоа дали ќе ја напушти функцијата премиер.

– Не планирам да одам никаде. Тимските односи со претседателот се одлични – изјави Хончарук.

Тој додаде дека има многу провокации и манипулации во врска со владата.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, минатата недела не ја прифати оставката на премиерот, откако беше објавена снимка на која тој зборува дека Зеленски, поранешниот актер без политичко искуство, не знае ништо за економија.