Свет 10. септември 2019. / 21:21

Украинскиот Парламент усвои закон со кој се прцизира процедурата за отповикување на шефот на државата

Украинскиот Парламент усвои закон со кој се прцизира процедурата за отповикување на шефот на државата

Парламентот на Украина денеска усвои закон со кој се прецизира процедурата за отповикување на шефот на државата.

Со одлуката на Врховната рада се реализира предизборното ветување на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски.

Зеленски и неговите сојузници имаат мнозинство во Парламентот по вонредните избори одржани во текот на летото.

Опозицијата минатата година сакаше да го смени поранешниот претседател Петро Порошенко, но за тоа не постоеше законска процедура.