Украинската православна црква соопшти дека непознати напаѓачи фрлиле молотови коктели на Андриевската црква во Киев и нападнале свештеници со бибер спреј.
Нападот следи по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, да почне процесот на давање независност на православната црвка во Украина, во однос на Руската православна црква.
Портпаролот на Украинската православна црква Евстратиј Зорја, рекол дека непознати машки лица утрото фрлиле молотов коктел на црквата и со бибер спреј нападнале свештеници.
Одлуката на Вселенскиот патријарх да започне процес на давање независност на православната црква во Украина, предизвика загриженост од избивање на насилство меѓу противниците и приврзаниците поради одделување на двете цркви.