Свет 25. ноември 2019. / 11:22

Украина тврди дека секој ден е цел на кибер напади од страна на Русија

Украина тврди дека секој ден е цел на кибер напади од страна на Русија

Mинистерот за одбрана на Украина, Андреј Загородњук, од меѓународниот форум за безбедносни прашања во Халифакс соопшти дека неговата земја секој ден се соочува со многубројни кибер напади, од кои поголемиот дел доаѓаат од Русија.

Според информации објавени на интернет страницата на украинското министерство за одбрана, кибер нападите најчесто се случуваат кога станува збор за информатички технологии, кои се одразуваат врз безбедноста на податоците на важни инфраструктурни објекти.

Според Загородњук, Украина научила да неутрализира такви напади, но, како што наведе тој, просторот постојано се шири поради што мора поактивно да се дејствува.

Украинскиот министер ги повика државите од НАТО да се борат против кибер нападите.

Пред една недела секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина изјави дека неговата земја станала полигон за тестирање за руските кибер напади. Како што истакнаа тој, тие претставувале опасност не само за Украина, туку и за државите-членки на НАТО и ЕУ, затоа што во иднина се очекува да бидат насочени токму против земјите од Европската унија.