Свет 17. ноември 2019. / 13:30

Русија во скоро време ќе и ги врати запленетите бродови на Украина

Русија во скоро време ќе и ги врати запленетите бродови на Украина

Соработникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Андреј Јермак, најави дека во скоро време ќе Украина ќе ги добие назад бродовите запленети од руската морнарица на 25 ноември минатата година во Керченскиот залив.

– Процесот на враќање на два мали оклопни брода и една реморкер е во завршна фаза – изјави Јермак за украински медиуми.

Руските медиуми претходно објавија дека Русија планира да ги врати запленетите бродови пред самитот на Нормандиската четворка за кризата во Украина.