Свет 28. јули 2018. / 21:51

Украина на пат да добие автокефалност потврди Вселенската Патријаршија

Украина на пат да добие автокефалност потврди Вселенската Патријаршија

Доделувањето на автокефалност за Украина ќе биде историски момент, процесот е почнат и тој ќе се реализира. Ова е заедничкиот заклучок кој го пренесуваат медиумите во Украина, но и во Грција, особено влијателната „Ромфеа.гр“, за вчерашната средба меѓу украинскиот Претседател Петро Порошенко и митрополитот на Франција, Емануел, кој лично на Порешенко му го предал писмото од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј , на средбата во Киев, во рамки на одбележувањето на 1030 годишнината од покрстувањето на „Киевска Рус“

Порошенко по средбата со претставникот на Вселенската Патријаршија, објави соопштение во кое пишува дека Вселенската Патријаршија ја потврдила намерата да додели автокефалност за црквата во Украина, цитирајќи делови од писмото на Вартоломеј.

-Признавајќи ја големата одговорност на првопретстојателната Вселенска Патријаршија, која никогаш не се согласувала со незаконските и неканонски ситуации, кои го разнишуваат природното функционирање на Православната црква, и во тие одговорни времиња таа ја прифати иницијативата да го воспостави едниството на православните верници во укрина со крајна цел да и додели на Украинската црква Автокефалност, пишува во писмото Вартоломеј, а пренесува Кабинетот на Порошенко.

Исто време пак, „ромфеа.гр“ пишува дека Порошенко му пренел на Митрополитот Еманиле дека со нетрпение ја очекуваат одлуката на Мајката Црква за автокефалност.

Митрополитот Франција, пак рекол дека нивното присуство во Украина покажува непоколебливата поддршка на Мајката Црква кон Киев.

-Ние сме горди да бидеме денеска тука за да го прославиме овој јубилеј. Ова е многу важен момент, бидејќи одлуката на Светиот Синод на Патријаршијата го отвори патот за нова ера. Ова е историски момент за Украина, поради тоа што го започна процесот на доделување на автокефалноста на украинската црква, бидејќи Киев секогаш беше под јуриздикција на Вселенската Патријаршија, сите историски документи тоа го докажуваат, изјавил претставникот на Вселенската Патријаршија.

Емануел го информирал украинскиот претседател дека делегацијата на тричлената комисија на Вселенската Патријаршија ги посетила другите автокефални православни цркви, и тоа го направила како формален брифинг во врска со одлуката на Цариградската Патријаршија, барајќи да се согласат со таа одлука.