Украина ќе го ограничи влезот во земјата за мажите од Русија кои имаат помеѓу 16 и 60 години, напиша претседателот Петро Порошенко на Твитер.
–Украина воведе ограничување на влезот на руски државјани, машки лица на возраст меѓу 16 и 60 години се наведува во соопштението.
Одлуката е донесена за да се спречи Русите да формираат тајна армија на украинска територија. Претходно шефот на пограничната служба на Украина, Петар Цигикал предложи на некои категории на луѓе да им се ограничи влезот во земјата.