Украинското Министерство за надворешни работи изрази протест до Русија поради, како што се наведува во соопштението, недоговорената посета на рускиот претседател Владимир Путин на Крим и отворањето за сообраќај на железничкиот дел од таканаречениот „Кримски мост“.
Украина смета дека Русија го изградила мостот низ Керчанскиот теснец без согласноста на Украина, грубо кршејќи го меѓународото право, вклучувајќи ја и Конвенцијата на ОН за поморско право.
Украина наведува дека посетата на руски официјални претставници на Крим, изградбата на мост, како и која било друга акција, ни на кој начин не можат да го сменат статусот на Автономната Република Крим и градот Севастопољ, како составен дел на територијата на Украина, во нејзините меѓународно признати граници.
– Ни Украина, ниту која било друга цивилизирана земја на светот, не ги признава обидите на Кремљ за легитимација на анексијата на дел од суверената територија на Украина – се наведува во соопштението.
Путин вчера го пушти во употреба железничкиот мост меѓу Русија и Крим.