Свет 12. август 2019. / 12:00

Учител им се заканил на Белгијки дека ќе им ги сече главите поради тоа што носеле кратки шорцеви

Учител им се заканил на Белгијки дека ќе им ги сече главите поради тоа што носеле кратки шорцеви

Наставник од селото Адар во Мароко повикал да бидат линчувани три млади девојки од Белгија затоа што сакал да им одржи лекција на тие кои што не ја почитуваат муслиманската вера.

Три млади Белгијки се вратиле дома од волонтерската работа во Мароко, откако еден учител им се заканил со отсекување на главата поради тоа што носеле премногу кратки шорцеви. Девојките волонтирале и помагале за изградба на патот во селото Адар, а со нив имало и други 34 волонтери организирани од организацијата “Bouworde”.

Не советуваа да не испраќаме нови волонтерски групи во Мароко. Го следевме овој совет и одлучивме да ги откажеме сите следни кампови во Мароко, стои на веб страницата на организацијата.

Од мароканската полиција потврдија дека е уапсен наставникот и ќе биде отворен судски процес под обвинение – „поттикнување на терористичко делување“.

Тој бил уапсен благодарение на реакцијата на социјалните мрежи, а биле организирани и две иницијативи кои што собрале 1000 потписи за одржување на демонстрации во Казабланка на кои девојките ќе облечат кратки шорцеви.