Свет 09. февруари 2020. / 09:40

Убиен тајландскиот војник што уби 26 и рани 52 лица

Убиен тајландскиот војник што уби 26 и рани 52 лица

Тајланските безбедносни сили конечно го пронашле и го убиле војникот Џакрапанту Тома, кој во убиствениот поход низ градот Након Рачесима уби 26, а рани уште 52 лица, соопштија тајланските власти.

Тајландскиот министер за здравство, Анутин Чарнивиракул, потврди дека војникот е убиен во трговскиот центар „Терминал 21“, пренесоа британските медиуми.

И благодариме на полицијата што ја заврши оваа ситуација. Напаѓачот е убиен!, наведе министерот на Фејсбук, што подоцна беше потврдено и од војската и од полицијата.

Полицијата дефинитивно потврди дека избезубениот војник бил 32-годишниот Џакрапанту Тома.