Свет 31. август 2019. / 10:45

Убиецот на Роберт Ф. Кенеди избоден во затворот

Убиецот на Роберт Ф. Кенеди избоден во затворот

Убиецот на Роберт Ф. Кенеди, Сирхан Сирхан (75), кој повеќе од 50 години е во затвор, кадешто ја отслужува доживотната затворска казна, е хоспитализиран откако друг затвореник го избодел во затворот во Сан Диего.

Американското одделение за казни и рехабилитација соопшти дека чуварите брзо реагирале и го пронашле затвореникот со неколку повреди од остар предмет. Од казнено-поправната установа не го откриле идентитетот на повредениот, но доверливи извори за Гардијан информирале дека станува збор за убиецот на Кенеди.