Свет 01. ноември 2019. / 19:45

Уапсено уште едно лице поврзано со смртта на мигрантите во „камионот на смртта“

Уапсено уште едно лице поврзано со смртта на мигрантите во „камионот на смртта“

Уште едно лице обвинето за убиство од небрежност поради смртта на 39 луѓе во камион во близина на Лондон е уапсено, соопшти британската полиција.

Исто така, британската полиција упати апел до двајцата браќа кои се вмешани во случајот да се предадат.

Наводниот возач на камионот, Емон Харисон (23) од Северна Ирска веќе е обвинет по 39 точки за убиство, како и за трговија со луѓе и имиграција.