Свет 01. јуни 2019. / 17:22

Уапсени двајца европски дипломати во Иран – биле гости на забава за мажи и жени

Уапсени двајца европски дипломати во Иран –  биле гости на забава за мажи и жени

Иранската полиција уапсила двајца европски дипломати кои биле гости на забава на која присуствувале и мажи и жени, што во Иран е забрането со закон.

Британскиот и холандскиот дипломат биле пуштени многу брзо по апсењето, откако било потврдено дека работат за странски влади.

Според локалните медиуми, на забавата во Техеран имало неколку мажи и жени, и нема информации дали бил служен алкохол.

Во Иран е забрането пиење алкохол и собирања на мажи и жени кои не е во сродство, но двете активности им се дозволени на малобројните христијани.