Свет 07. јануари 2021. / 20:02

Уапсени 68 лица за упад на Конгресот во САД

Уапсени 68 лица за упад на Конгресот во САД

Полицијата во Вашингтон уапси 68 лица во врска со вчерашиот упад на Капитол. Повеќето од нив се уапсени во зградата на американскиот Конгрес, изјави шефот на полицијата Роберт Конти.

– Имаме многу работа за идентификација и приведување на секој од толпата одговорен за своите постапки, изјави Конти на прес конференција.

Меѓу приведените има 60 мажи и 8 жени. Приведувањата биле извршени вчера и утрово, додаде началникот на полицијата во главниот град на САД.